Жена се породила во тајност, а реакцијата на бабата за внучето ги расплака сите (ВИДЕО)

Жената решила да се породи во тајност и на овој начин да ја изненади својата мајка. Реакцијата на бабата за новото внуче ги расплака сите.
Да се стане родител и да му посакаш добредојде на детето во светот е еден од најголемите благослови во животот. Децата внесуваат толку многу радост, среќа и љубов во нечиј живот. Гледањето како растат и учат не наликува на ништо во животот.
За оние кои се баби и дедовци, сето ова е точно. Но, бабите и дедовците добиваат дополнителни придобивки. Тие можат да ги разгалат своите внуци со љубов и се‘ што ќе им посака срцето. Но, децата се враќаат дома со своите родители на крајот од денот. Бабите и дедовците ги добиваат забавните делови без плачење и бес.
Да се биде баба и дедо е уште еден благослов од добриот Господ.
Видеото објавено на YouTube го покажува моментот кога една жена дознава дека станала баба.
Краткото видео започнува со една баба која влегува во соба додека гледа во нејзиниот телефон. Таа нема поим дека нејзината ќерка го родила своето прво дете, нејзино прво внуче - прекрасно девојче.
Творецот на снимката ги информира гледачите дека ќерката не ѝ кажала на мајка си дека се породила. Таа наводно сакала доаѓањето на детето да биде изненадување.
И тоа било најдоброто можно изненадување!
Камерата ја снимила новопечената баба додека се приближувала до болничкиот кревет и нејзиниот прв запрепастен поглед на нејзината ќерка како го држи бебето. Жената била изненадена. Таа гледа во камерата секунда или две, а потоа ја обземаат емоции.
Им приоѓа на својата ќерка и внука и ги обвива во топла, љубовна прегратка. Низ среќа и солзи, новопечената баба дури и замавнува кон камерата, фаќајќи го нежниот момент.
Ќе ѝ се допадне улогата на баба!
Фото и Видео: Youtube