На што да внимавате кога купувате леопард принт: Во него ќе изгледате или луксузно или како принцеза или пак - евтино!

Добивај вести на Viber

Доколку сте љубители на леопард принт, постојат неколку работи на кои треба да обрнете внимание при изборот доколку не сакате да постигнете спротивен ефект од она што го сакате.

Леопард принтот ги одбележа изминатите две години како најпопуларен животински принт, пред се благодарение на трендот mob woman, но и неповрзан со него - тој е безвременски, класичен и супер ефикасен.

Кристијан Диор беше првиот истакнат дизајнер кој донесе леопард принт на модната писта, во далечната 1947 година, и оттогаш го гледаме во речиси секоја замислива варијација и неговата популарност продолжува да расте.

Сепак, како и кај сите животински принтови, тој носи замка: може да направи стајлингот да изгледа луксузно, скапо и моќно или многу евтино, застарено и безвезно.

Како да ја пронајдете вистинската шема и вистинската големина? Не е лесна задача, но има неколку совети кои можат да ни помогнат....



1. Составот на ткаенината е клучен.

– При инвестирање во облека со леопард принт, приоритет треба да биде составот на материјалот. Видот на ткаенината на која се печати е клучен – објаснуваат Орлаг и МекКлоски и Хенриета Рикс, ко-основачи и креативни директори на брендот Риксо Лондон.

Најдобриот избор се свила, памук и мешавини со релативно мат финиш што се растега.

2. Модната ера е исто така важна.

Принтот од леопард кој изгледа многу реално и детално не изгледа скап, но истиот ефект го имаат и поедноставните дезени кои наликуваат на цртежи. Пред да започне дигиталното печатење, се посакуваа реални животински принтови, но новиот бран донесе нови правила и сосема поинаков впечаток.



3. Големината на дезенот влијае на тоа колку луксузен (или не) леопардскиот принт изгледа.

Излегува дека размерот е исто така многу важен: дамките од леопард со средна големина изгледаат поскапи од облеката со мали или многу големи дезени на цврста позадина.


4. Обидете се да не изгледа генеричко.

Животинските принтови се во мода толку долго и се прикажани на облека, обувки и додатоци, што изгледа како да сме виделе се.

Сепак, тоа не е така, а одредени дизајнери се обидуваат на своите парчиња да им дадат малку поинаков изглед, правејќи ги веќе видените принтови да изгледаат генерички и досадни.

Нијанси, форми и детали можат да направат голема разлика.



5. Неутрален модел е подобар од оној што привлекува внимание.

Повремено, леопардскиот принт доаѓа во мода во бои како розова, виолетова или зелена, но тие можат да изгледаат прилично евтини.

Затоа понеутралните опции инспирирани од вистинскиот, природен изглед на леопардовите принтови се секогаш сигурна опција, а исто така се полесни за комбинирање.


FOTO: Pinterest/Instagram printscreen