Меланија Трамп „згрми“: Кога стана, сите гледаа во неа како во божица, го носи најмоќниот тренд - браво за овој стил

Меланија Трамп се врати во Белата куќа по четиринеделно отсуство од јавниот живот. Таа се појави на балот на Гувернерот, совршено стилизирана, држејќи се за рака со сопругот Доналд Трамп и изгледаше како моќен моден тандем. Дека овој агол им е поважен денес од кога било досега, покажа и на неговата инаугурација на 20 јануари во Вашингтон. Првата дама на Америка веќе стана модна икона и ја оправдува таа репутација, но и американскиот претседател почна да внимава на тој дел од имиџот.
За време на кампањата, Меланија Трамп покажа голема решеност да го заврши својот втор мандат како прва дама уште подобро од првиот (2017. 2021). Таа е посамоуверена и нејзиното претходно искуство и значи многу, како што призна во интервју за Fox news пред неколку недели.
Сепак, оваа определба е проследена со паузи во јавноста. Таа во споменатиот разговор најавила дека во следните четири години ќе живее меѓу Вашингтон и Њујорк, каде нејзиниот син Барон студира на Флорида. Во 2017 година, Меланија доцна се преселила во Белата куќа, наводно поради училишните обврски на нејзиното дете во Големото јаболко, иако се шпекулираше дека се виновни и брачните проблеми.
Г-ѓа Трамп претходно негираше дека нејзиниот брак е во криза и истакна дека поради таквите озборувања била изложена на малтретирање на Интернет, како и разговори дека ретко се насмевнува и дека не е доволно способна за позицијата прва дама.
На церемонијата минатата сабота таа и Доналд Трамп оставија впечаток на жестока двојка, делуваа многу блиски, а таа плени со насмевка. „Mногу се потруди сè да биде убаво. И таа е многу добра во тоа“, ја пофалил сопругот.
Трамп се почесто јавно ја признава сопругата, што многумина го фалат, а таа и овој пат шармираше со својот стил. Таа носеше елегантен костум, во класичен стил и делуваше неверојатно моќно. Во ова издание таа беше и во првиот официјален портрет, објавен по инаугурацијата на Трамп.
Панталони со висок струк, елегантна кошула и неодоливи салонки, како и класична јакна во две нијанси на црно го сочинуваа нејзиниот победнички стајлинг. Накитот го избрала совршено, а фризурата и била „таман“.
Меланија кога станала била пречекана со аплауз, а таа едноставно блескала. Се очекува таа да има своја платформа и да ги следи приоритетите како прва дама, но нејзиното долго отсуство може да укаже и на тоа дека во јавноста ќе се појавува поретко од очекуваното, што се смета за преседан.
Извор: Zena.blic.rs