„ЈА ЗАПАЛИ СЦЕНАТА САМО КАКО ШТО ТАА ЗНАЕ“: Заводливата Џенифер Лопез со видео кое урива рекорди

Добивај вести на Viber

Џенифер го зачини својот настап со заводливи танцови потези во комбинезон со леопардски принт, посипан со светки

ЏЕНИФЕР Лопез одржа два големи концерти во Абу Даби на 20-ти и 21-ви февруари, а клип од настапот што го сподели на Инстаграм и ТикТок собра повеќе од 16 милиони прегледи за помалку од 24 часа.

Видеото стана вирално.

Џеј Ло веќе некое време немаше настапи, но неодамна направи исклучок со настапот во Дубаи на отворањето на луксузен хотел. Потоа следеа два распродадени концерти во Абу Даби, а снимките од тие настапи брзо ги преплавија социјалните мрежи.

Особено внимание привлече моментот во кој Џенифер изгледаше како да се бори со солзите, трогната од овациите и аплаузите на публиката. Уште еден детаљ ги освои фановите - клипот што го сподели на својот Инстаграм профил покажува како ја изведува песната Louboutins, која со години не ја пеела на концерти. Заедно со впечатливата кореографија, Џенифер го зачини својот настап со заводливи танцови потези во комбинезон со леопардски принт, посипан со светки.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)



„Таа ја запали сцената“

Обожавателите беа воодушевени од нејзиниот избор на песна и енергија на сцената, а во коментарите го цитираа текстот и ја пофалија изведбата која, како што рекоа, „ја запали сцената“. „Во живо во 2025 година“, напишала таа накратко во описот на видеото.