„Прецизно дозирање на парацетамол кај деца за да се избегне предозирање и да се обезбеди ефикасност“: Д-р Лазаров со корисни совети до родителите

Д-р Ненад Лазаров е познат во јавноста како лекар кој без влакна на јазикот отворено зборува за секаква тема. За општествените, економските, здравствените, буквално за сите теми. Овој пат докоторот во сезона на грип и настинки, а периодов амбулантите и болниците се преполни со мали дечиња, па и возрасни се обрати до јавноста особено до родителите со корисни совети за правилно и прецизно дозирање на лековите парацетамол и ибупрофен - лекови кои се даваат најчесто при висока температура кај дечињата. Неговиот совет е следниов:
„Во период на пик на сезонски вирози, особено грипот годинава дава високи температури, сакам да ви обратам внимание на значењето на правилно и прецизно дозирање на парацетамол и ибупрофен особено кај дечиња.
*Прецизно дозирање на парацетамол/ибупрофен кај деца е важно за да се избегне предозирање од една страна и да се обезбеди ефикасност т.е регулирање на покачената температура.
*Не се водете по возраст на детето туку по телесна тежина!
*Непходно е да се истакне дека 1 милилитар помалку од соодветна доза може да значи дека нема да ја намалите соодветно покачената температура, кај високи фебрилности над 39 степени одете со максималната препорачана доза.
Препорачаната доза за парацетамол е околу 10-15 мг/кг на телесна тежина, со максимум четири дози во 24 часа и минимум четири часа помеѓу дозите12.
Препорачаната дневма доза за ибупрофен е околу 20-30 мг/кг на телесна тежина поделено во 3 дози на 8 часа.
За прецизност, се препорачува да се користи мерна лажичка или шприц за перорална употреба и да не се надминуваат препорачаните дози“.