Конечно фотографија од близнаците: Наполнија 17 години и веќе е познато што се случува зад затворени врати дома

Светски познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез последните 3 години постојано е тема на озборување на таблоидите. Од веридбата со Бен Афлек, па венчавката, а особено голема прашина крена нивниот развод. Пејачката која остави и се‘ уште прави неверојатни хитови редовно споделува новости од нејзината кариера, па и од нејзиниот живот во јавноста на нејзиниот Инстаграм профил, а најретко, или скоро никогаш фотки од нејзините деца, близнаците Ема и Макс.
„Ве сакам бескрајно засекогаш“, напиша мама Џенифер покрај објава, т.е видео од компилација од повеќе фотографии од близнаците честитајќи им го нивиот 17 роденден.
Во видеото кое го сподели пејачката може да видите и фотографија од роденденска торта која изгледа многу луксузно. За минатогодишниот роденден Џеј Ло им подари семејно патување во Токио, а какво ќе биде изненадувањето оваа година се уште не се знае.
Фото и Видео: Инстаграм