Голема прослава во домот на Наташа Беквалац: Денес е важен ден за неа ФОТО

Добивај вести на Viber

Помладата ќерка на Наташа Беквалац, Катја, денеска го слави седмиот роденден.

Сестрата на Наташа, Кристина Беквалац, со емотивни зборови ѝ се обрати на својата внука за која е многу приврзана.

-Пред седум години се роди едно многу посебно девојче кое сите нè научи толку многу од почетокот на нејзиниот живот... Мојата Кека, моето рипче, мојата љубов Кикина, пресреќна сум што сум твоја тетка и што разбирам и чувствувам се за тебе од денот кога се запознавме и што заедно ќе ја нервираме мама Наки. И ти благодарам што си најдобрата помала сестра на светот, полна со љубов, радост и лудост. Тетка ти Кика те сака до небо и назад. Среќен ти роденден ќекаро - напиша Кристина, а Наташа ја сподели објавата на својот Инстаграм заедно со бројните честитки кои пристигнуваат.


Да потсетиме дека Наташа своевремено зборуваше за воспитувањето на ќерките Хана и Катја и истакна дека е тешко да се биде самохран родител.


- Јас сум самохран родител. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија што многу ве обзема. Целосно сум посветена на работата што ја работам на врвно ниво веќе 20 години. Тоа се две работи кои ме исполнуваат и ме пленат. Мажот мора да биде магичен за да го вклопам во мојот распоред“, изјави неодамна Наташа.


- Сè што е големо е тешко. Сметам дека мојата улога е одлична. Секоја мајка знае колку е тешко да се биде самохран родител во овие луди времиња. Дополнително е тешко да имаш тинејџер и девојче во куќата. Ги родив, ги воспитувам и секако во секој момент се гледам себеси, но ги гледам и нивните татковци – додаде таа во таа прилика.