ХЕМАТОМИ, ОТОЦИ, ИНФЕКЦИИ - РИЗИЦИТЕ ОД НЕЛЕГАЛНИ ЕСТЕТСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ: Д-р Томислав Јованоски со сите детали за Фактор

Добивај вести на Viber

Во последните години, сè почесто се среќаваме со случаи на компликации предизвикани од естетски интервенции изведени од лица без медицинска квалификација. Со зголемената популарност на нехируршките естетски процедури, како што се апликацијата на ботокс и дермални филери, се појавува сериозен проблем – нивното нерегулирано изведување во несоодветни услови. Овој тренд, кој најчесто се промовира преку социјалните мрежи, носи голем ризик за здравјето на пациентите и ја потенцира итната потреба од законски измени и поголема контрола во оваа област.

Во разговор за Фактор, специјалистот по пластична и реконструктивна хирургија, д-р Томислав Јованоски, укажува дека во последно време сè почесто се соочуваат со случаи каде што пациенти претрпеле здравствени компликации како резултат на недоволно стручно изведени интервенции.

„Најчесто, овие компликации се последица на постапки кои вклучуваат примена на медицински помагала, мислејќи на филери и ботокс, а биле изведени од лица без соодветна медицинска квалификација. Најчестите компликации со кои се соочуваме вклучуваат хематоми, отоци и инфекции, за веднаш потоа да следуваат компликации од типот на миграција или изместување на филерот од посакуваната регија, кои можат да предизвикаат дополнителни естетски проблеми. Можам да кажам, за среќа најретки, но воедно и најсериозни компликации, се оние поврзани со исхемија на ткивата како резултат на несоодветна апликација на филер директно во крвен сад“, вели д-р Јованоски.

Повеќе за информација прочитајте на ФАКТОР.