Со деколтето „убива“, а сега ќе лета во вселената: Вереничката на милијардерот на чело на женскиот екипаж

Добивај вести на Viber

Кети Пери ќе ѝ прави друштво

Американската пејачка Кети Пери наскоро ќе замине во вселената заедно со уште пет жени, меѓу кои и Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, објави вселенската компанија на основачот на Амазон, Blue Origin.

Санчез беше најкоментираната личност на игунарацијата на Трамп со нејзиниот провокативен изглед за време на неговата инаугурација како претседател. Шефот на Мета, Марк Закерберг, потроши доста време восхитувајќи се на нејзиното деколте.

Летот ќе се изврши „напролет“, соопшти американската компанија во соопштението за печатот, цитирано од АФП.

Ова ќе биде 11-ти лет со екипаж што го спроведува Blue Origin, која веќе неколку години нуди летови за вселенски туризам користејќи ја својата ракета Њу Шепард, а во јануари го изврши својот прв орбитален лет користејќи многу помоќна ракета-носач наречена Њу Глен.


Фото: Youtube - screenshoot