Спасен Силјановски заврши во болница: Пејачот се огласи од болнички кревет

Фолк – пејачот Спасен Силјаноски, заврши во болница. На неговиот инстаграм профил сподели видео како лежи на операциски стол, додека докторот објаснува дека на ехото е прикажано срцето на пејачот од каде излегуваат неговите најубави песни.
На ова пак Спасен, му вели „Доктори уште колку години ми давате пеење?“, докторот му вели „До крајот на животот“.
Иако ова видео е направено со доза на шега, пејачот се огласи од болнички кревет и објасни дека имал мала интервенција на срцето.
„Добро утро и здраво на сите, само да ве поздравам од овој болнички кревет. Инаку сум супер. За оние кои не знаат, а ме прашуваат што се случува, имав мала интервенција на срцето, којашто не е опасна. Обична рутинска интервенција, сега сум уште подобар и се чувствувам одлично“, вели Спасен.
Преку видеопораката пејачот најави и неговиот прв настап по интервенцијата и тоа за Денот на жената на Осми март.
РЖМ