„Ништо повеќе нема да биде исто“: Еве како ќе изгледа првата емисија од „Ѕвездите на Гранд“ без Саша Поповиќ

Добивај вести на Viber

Саша Поповиќ беше погребан пред два дена на гробиштата во Белград. Тагата и болката поради загубата на Саша Поповиќ не стивнуваат, особено кај оние кои тесно соработуваа со него низ годините. Поповиќ беше погребан во четвртокот, а многу негови пријатели, колеги и соработници продолжуваат да му оддаваат почит и да ги искажуваат емоциите за неговото заминување.

Една од оние кои имаа можност да соработуваат со него е пејачката и водителка Ана Севиќ. Нејзината професионална врска со Поповиќ траеше со години - од моментот кога како млада пејачка се натпреваруваше во музичката шоу програма „Ѕвездите на Гранд“, преку ангажман во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ како водител, па сè до актуелната сезона на шоуто, каде привремено ја замени Сања Кужет за време на бременоста.

Откако Гранд продукција остана без основачот и креативен директор, на социјалните мрежи се огласи и Ана Севиќ каде објави дека следната емисија од шоуто ќе биде посветена на Саша Поповиќ.

„Утре се ќе биде исто...но ништо нема да биде исто“, напиша Ана во својата објава на Инстаграм.

Ова не беше првпат таа емотивно да се прости од Саша Поповиќ. Во една од претходните објави напиша дека го гледа како втор татко, со што уште еднаш нагласи колку и значат нивната долгогодишна соработка и пријателство.

Да потсетиме, Саша Поповиќ беше погребан пред два дена на градските гробишта во Белград, а последната поздрав му  упатија членовите на неговото семејство, бројни пријатели и колеги, но и почитувачи на неговото дело.

Фото:
Извор: Pink.rs