Актуелно // Жолта минута
Хана Хуљиќ ја покажа својата фигура пет месеци по породувањето: Позира во кусо мини здолниште, насмевката не ја тргна од лице

Сопругата на Петар Грашо, Хана Хуљиќ се породи пред пет месеци и роди момче, а сега ја покажа својата фигура по породувањето.
Имено, Хана во последно време не е многу активна на социјалните мрежи, а сега ги изненади сите кога сподели фотографија со своите пријатели.
Таа позираше во сино мини здолниште кое ги истакна нејзините витки нозе, палто со ист дезен како и здолништето, а стајлингот го комплетираше со бела ролка.
Да потсетиме, Петар Грашо пред две години на сопругата Хана Хуљиќ и купи луксузен имот кој е нивно бегство од градската гужва секогаш кога имаат слободно време. Дотичната куќа се наоѓа блиску до најубавата патека на планината Јахорина.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs