Сузана Манчиќ на 68 години жари и пали во костим за капење: Изгледа како авион на прагот на осмата деценија

Водителката Сузана Манчиќ (68) објави фотографија во костим за капење и ја воодушеви јавноста.
Инаку, Сузана во една прилика откри како ја одржува фигурата и како успеала да ослабе дури 11 килограми.
- Вишокот килограми, особено за време на менопаузата, се наталожи во пределот на мојот стомак. Денот секогаш го започнувам со лимонада и кесичка суплементи кои ги содржат сите потребни минерали и витамини. Истото го пијам и за ручек, изјави еднаш водителката.
За естетските процедури
Инаку, Сузана јавно изјави дека покрај добрата нега, направила и козметички зафати за да се подмлади, но да ги задржи цртите на лицето, за што нејзините обожаватели ја пофалија.
- Зошто да се осуди пластичната хирургија кога резултатите се вакви? Совршено, гласи еден од коментарите под таа објава.
Фото: инстаграм