Љубовни драми и финансиски проблеми од 12 март: Ќе бидат погодени сите знаци

Добивај вести на Viber

Од 12 март Венера тргнува во ретроградна насока, што значи емотивни пресврти, љубовни драми и финансиски предизвици.

Овој период носи конфузија во врските, враќање на старите љубови и тестирање на самодовербата. Бидете подготвени - минатото може да затропа на вашата врата!

Што може да тргне наопаку?

*Љубовни проблеми – недоразбирања, студенило во односите и чувство дека партнерот не ви посветува доволно внимание.

* Поранешните се враќаат – бившите љубови може повторно да се појават, но со причина – за да видат дали навистина сте над нив.

* Финансиски турбуленции – неповолен период за луксузни набавки, задолжувања и големи финансиски одлуки.

* Несигурност и емоционални падови – Венера влијае на чувството за лична вредност, па можно е да се појават сомнежи за себе и за вашите избори.

* Тајни и лаги на површина – Ако нешто не беше искрено во врската, сега излегува на виделина.

 Како да се преживее овој период?

Не донесувајте импулсивни одлуки во љубовта и парите.

* Не навраќајте се на старите модели кои веќе ви донесоа болка.

* Фокусирајте се на личниот раст, а не на вниманието на другите луѓе.

* Трпението е клучно – не дозволувајте сегашниот хаос да ве собори.

Иако звучи предизвик, ретроградната Венера носи важни лекции. Ако ги разберете правилно, од овој период ќе излезете посилни и помудри.