Елена Бубало: „Во оваа бременост луѓето околу мене се надминаа, без да размислат дека може да навредат“

Добивај вести на Viber

Праксата низ годините покажала дека жените наместо да се поддржуваат, што не велиме дека го нема воопшто, многу почесто си одмагаат, се повредуваат, навредуваат...

Сведоци сме ние новинарите на безброј лоши коментари од жени под објави за дами кои направиле нешто, кои сакале да споделат нешто од срце, или жена која решила да стави крај на својот брак... 

Скоро секој ден има по некој лош коментар од жена за жена, без разлика за која и тема да станува збор, еден таков најтазе пример за тоа е најновата објава на Инстаграм на фитнес инструкторката Елена Бубало, која е бремена со трето дете. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

„Работам преку 14 години со жени иако ме сметате за строг тренер кој се лути ако влезете со валкани патики или ако доцните, но сепак не сум си дозволила едно вишок прашање да поставам или да искоментирам нешто што е лично за некој (не зборувам за вежбањето). Зошто сум се грижела за чувствата на една жена за која не знам што поминува во денот.

И генерално јас секогаш сум се носела со секакви прашања и коментари. Ама оваа бременост луѓето околу мене се надминаа, без да размислат дека може да навредат или едноставно не прашани да даваат коментари кои може ќе направат да се чувствува човек не убаво.

На пример:

Лелеее колкав ти е стомакот уште сега, на жена ми вака и беше пред пораѓај 

Од каде ти е толкава храброст за трето дете? 

Дали беше по грешка? 

За вежбањето па да не правам муабет, да ме видат со 3 кока коли ќе речат ако ако напи се ајде бремена си, ама со шипка во раце: ајде бре на што личи ова, себична до вежбање и дојде сега 

Нели ти е страв? Па одам дома и го прашувам Атанас да не случајно треба да се плашиме, иако животот константно е непредвидлив и сѐ носи 

Кога ќе ми честитате јас враќам со реченицата фала многу со убаво да се враќа и имаш: ауууууу бегај ‘скраја да е’. Па добро ама што да вратам на честитката  фала да НЕ се враќа? 

И така, не научивме одредени работи во комуникација, ама нема откажување и верувам дека ќе се сменат работите 
Јас сум човек што верува во промени кај луѓето“.

Дами, наместо да си бидеме најголеми непријатели, дајте да се поддржиме.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм