ВАЊА ПРЕД ДА БИДЕ ЛИКВИДИРАНА, КЛЕЧЕЛА НА КОЛЕНА: Обвинителите презентираа потресни материјални докази и за Панче Жежовски
На денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес, беа презентирани потресни материјални докази за бруталните ликвидации. Обдукцијата утврдила дека и двете жртви биле изложени на големо физичко страдање пред да бидат убиени.
Вања била застрелана во глава од растојание од половина метар, од задната страна на телото, во момент кога клечела. Анализите покажале дека трагите од кал под нејзините нокти, како и на врвовите на нејзините патики, укажуваат дека се движела низ каллива подлога непосредно пред ликвидацијата.
Обвинителството изнесе и други клучни докази, меѓу кои и фотографии од мобилниот телефон на Панче, пронајден фрлен во трње, и снимки од местото каде што биле откриени телата. Телото на Панче било закопано во плитка дупка од 60 сантиметри длабочина и 160 сантиметри дијаметар, каде што била пронајдена и чаура од куршум. Повеќе детали на Фактор.мк
Фото: Вангел Тануровски