ЗА ВИКЕНДОВ, СКОПЈАНИ ДОБИЈА ПРЕПОРАКИ ОД ИЈЗ: Користете влажни марамчиња и дезинфекти, ви требаат 4 литри вода по човек на ден
Претстојното исклучување на водата, беше причина за Институтот за јавно здравје да излезе со мерки и препораки до скопјани за тоа како да се справат со недостигот на вода.
Во прилог препораките ги пренесуваме во целост:
„Институтот за јавно здравје на Македонија се грижи за здравјето на граѓаните.
Во контекст на најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје, следете ги овие препораки за да се подготвите и да го минимизирате влијанието:
П͟р͟е͟п͟о͟р͟а͟к͟и͟ ͟з͟а͟ ͟г͟р͟а͟ѓ͟а͟н͟и͟:͟
1.Складирање на вода
- Складирајте доволно вода во чисти садови за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден.
- Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период.
- Наполнете канти, кофи или големи садови со вода за санитарни потреби (чистење, миење, тоалети). Сите препораки прочитајте ги на Фактор.мк