„Кој сака нека честита“ - Марија Шерифовиќ објави радосна вест - не ја трга насмевката од лицето

Добивај вести на Viber

Таа им се обрати на своите следбеници на Инстаграм.

Марија Шерифовиќ е активна на социјалните мрежи и со своите следбеници редовно споделува детали од приватниот живот.

Пејачката сега се пофали дека по две години ја симнала фиксната протеза. Таа се сликаше како пее и танцува во автомобилот и ја задржа насмевката на лицето.

- Кој сака нека честита. Ги симнав протезите - рекла пејачката јасно расположена и среќна.

Сепак, и покрај нејзината среќа, Марија откри дека една работа сè уште ја мачи.


- Па ја симнав протезата, но сега почнува агонијата со фолии. Ако знаете зашто шушкам кога зборувам, но на концерти ќе го тргам или ќе пеам со тоа, што мислите? - изјави пејачката.

Потсетуваме, Марија пред една година го роди синот Марио со помош на сурогат мајка. Таа не крие дека мајчинството целосно ја променило, а на својот Инстаграм профил често споделува заеднички моменти со своето момче.

Шерифовиќ често ја истакнува нејзината среќа и гордост што ги чувствува откако животот и бил исполнет со синот. Таа неодамна го прослави својот 40-ти роденден и ја искористи приликата јавно да му се заблагодари на синот што ѝ го подобри животот. Пејачката објави нивна заедничка фотографија со емотивен текст .

View this post on Instagram

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)