„Да наздравиме за љубов, за среќа и за секој убав миг во животот“: Билјана Дебарлиева прослави роденден

Добивај вести на Viber

Познатата водителка и телевизиска презентерка Билјана Дебарлиева прослави роденден.

Убавата водителка облечена во палто и кошула со нежна нијанса на розова боја, наздрави за 51-от роденден со чаша коктел.

„Ви благодарам драги пријатели за убавите честитки! – Да наздравиме за љубов, да наздравиме за среќа и за секој убав миг во животот“, напиша Дебарлиева.


Русокосата Билјана Дебарлиева која секогаш изгледа добро негувана во интервју за Женски магазин раскажа дека во поглед на негата не прави нешто посебно што би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.

„Одам на редовни козметички третмани, користам креми со заштитен фактор, зашто знаеме дека сонцето ја старее кожата, многу вода, овошје, зеленчук, позитивна мисла и насмевка. Би ја додала овде и генетиката и сето тоа заедно придонесува за свежина во изгледот“, раскажа тогаш шармантната презентерка за Женски магазин.

Фото: Фејсбук
РЖМ