Посно, а вкусно прсти да излижеш: Тавче гравче на тетовски начин
Гравчето е присутно често на македонската трпеза, а едно од најпознатите традиционални македонски рецепти е Тавче гравче. А овој пат за љубителите на овој специјалитет го споделуваме рецептот за подготовка на Тавче гравче на тетовски начин.
Потребни намирници:
- 450 гр. грав
- една поголема главица кромид
- 2-3 чешниња лук
- мешан зачин
- сол
- црн пипер
- црвен пипер
- суво нане
- масло за јадење
Начин на подготовка:
Најпрво го миеме гравот, па потоа го ставаме да се вари на оган во поголемо количество на вода. Гравот се вари малку подолго, а откако ќе се свари го тргнуваме тенџерето настрана и во тавче ставаме масло за јадење да се загрее.
Кромидот и лукчето ги сечкаме на ситни коцки, или доколку имате сецко исечете ги во него. И ставете ги да се пропржат во загреаното масло, откако ќе се пропржат додаваме 2 големи лажици црвен пипер. смесата од тавата ја додаваме во свареното гравче и убаво промешуваме и го зачинуваме, една- две лажици мешан зачин или сол и црн пипер. А на самиот крај додадете и малку суво нане - овој зачин на целото гравче ќе му даде посебен шмек.
Зачинетото гравче ставете го во плех и во рерна на печење. Откако ќе се искрчка Тавче гравчето сервирајте го по ваша желба и салатиче по ваш вкус и уживајте! Бон апетит!
Фото: Принтскрин / Јутјуб