„Скијањето е суров спорт, посебно за нас од Балканот, бара многу финансии и откажување од „нормалниот“ живот“: Интервју со скијачката во подем, Ева Милевска

Иако сезоната за скијање полека завршува, успавме да го фатиме и последниот спуст од оваа сезона со Ева Милевска (18). Младата скијачка од скијачкиот клуб „Пелистер“, која ја прави горда Македонија и која наодамна освои трето место на 41. Шарпланински куп, кој по цели 12 години пауза повторно се одржа.
Почетоците на Ева биле на падините на Пелистер, а љубовта кон овој спорт се родила од еден смеен викен поминат на Попова Шапка. Од тогаш цели 11 години професионално е посветена на скијањето.
„За мене секоја трка си има своја тежина и убавина. Секој натпревар на домашен терен ме враќа десетина години и ме поврзува до причините за кои се одлучив кога бев мала. Секогаш трките во Македонија ми се мили и драги поради тоа што колку и да е тешка сезоната ми дава мотивација да продолжам, за таа мала Ева која се заљубила во скијањето, а мислам дека е нормално за секој спортист, така и за мене да се послатки успесите на интернационално ниво, надвор од границите на Македонија затоа што целам да сум што подобро рангирана на светски рамки“.
Професионалоно во овој споерт е 11 години, со што во овој спорт сениороското натпреварување започнува на 16 години.
„Мојата страст кон скијањето се јави на Попова Шапка каде што бев на викенд со моите родителите. Од тој ден знаев дека моето место е во овој спорт.Самата себе си ветив дека ќе се трудам секој ден за да го постигнам мојот целосен потенцијал, со помош од малку среќа“.
Скијањето е суров спорт кој бара голема жртва, во смисла на редовни тренинзи и често отстуство од дома.
„Секој од нас има свој предизвик што се насочува и пробува да го совлада. Скијањето е суров спорт, посебно за нас од Балканот. Бара многу финансии за да овозможиме тренинзи на Алпите и сѐ тоа е многу тешко. Бара одкажување од ,,нормалниот” живот. Големи празници или обични ручеци во кругот на фамилијата ги имаме заборавено како изгледаа. Сепак јас сум многу благодарна што имам фамилија која ме поддржува и сите тие откажувања како и мала и сега ми ги прави непрепознатливи. Мојот предизвик за оваа сезона беше опоравување од спортска повреда која што траеше со месеци, скоро една година. Со многу работа и трпение конечно можам да настапам на трки повторно сум благодарна повеќе од сѐ што го поминав тој тежок период и сум „гладна“ како никогаш до сега за нови успеси. Мојот предизвик за скијањето за наредна сезона е настап на Европа Куп натпреварите кое се највисоко ниво на трки низ Европа. Скијањето е полно со предизвици и не престанува да ги има, можам само да се држам за надежта и да продолжам да одам по мојот пат“.
Пелистер е нејзин дом, бидејќи потекнува ов Битола. Токму таму ја имала нејзината прва трка на „Пелистерскиот велеслалом“. За жал како што вели Ева на македонските ски центри е тешко да се обработат тренинзи на толку високо ниво. Иако признава дека оваа година била добра сезона на Пелистер со добро подготвена стаза.
Бидејќи станува збор за спорт кој барем кај нас е сезонски. Она што се бара не само з аовој спорт туку и за другите е подготвеност од 365 дена и одржување на кондиција. Еве која е агендата на Ева...
„„Сувите" тренизи имаат одредени периоди каде што сме фокусирани на различни работи. Скијачката сезона ни трае до крајот на април, а со наредната почнуваме од јуни, што значи дека само во мај немаме тренинзи на снег, во последните години и во август поради глобалното затоплување. Јас во подледните години тренирам на глечери во Италија, Стелвио, но исто така посебно во детско скијање најчесто одевме во Австрија, Хинтертукс. Преку зимата имаме база во Априка, Италија со мојот клуб и таму ни се најчесто тренинзите од ноември до април“.
Ева со нејзините 18 години може да се пофали дека досега се има најдено помеѓу 400 најдобри во светот, ова воедно за неа и најголем успех.
„Во FIS натпреварите имам настапено само во Италија претходната година и се тркав за жал еден месец поради мојата повреда, но во тој месец во Кортина Д'Ампецо го направив најдобриот женски резултат во спуст и се пласирав во првите 400 во светот, се надевам оваа година ќе се качам уште погоре“.
Како најтешка патека ја смета Streif на Kitzbuhel во Австрија каде што е најтешкиот машки спуст.
Не е залудно кажано дека искуството и годините си го прават своето. Па така и кај неа, во почетоците тремата пред натпреватувар била поголема, но како одминувало времето подготовката пред натпревар биле сосема опуштени.
„Пред настап претходните години имав многу трема и многу често поради тоа не можев да го изведам најдоброто од мене.Но после повредата сум среќна што можам да се натпреварувсм на високо ниво со девојки од тимот кој се постари и имаат одлични успеси во Европс Куп. Пробувам да разговарам со нив за стазата која што претходно сме ја разгледале и тоа што тие се опуштени ме ,,префаќа” и мене да сум. Доколку имам време на телефонот играм некоја игра која ме опушта и ги повторувам во себе техничките грешки што сум ги имала на тренинзи“.
Пред натпревар задолжителен е овој ритуал...
„Го применувам и нa тренинзи и на трки.Истиот ритуал ми е за aктивација на мускули и загревање и малку од женската страна, ако скијам технички дисциплини косата ми е во плетенка, а ако скијам брзи косата ми е во пунџа. Нормално ме опушта да се слушнам со моите родители пред старт и по стартот доколку се далеку од мене“.
Скијањето ие професија, а пасија да заглави во кујна.
„Доколку имам слободно време гледам да го искористам со моите најблиски. Не можам да седам мирна и сакам да го спортувам некој спорт за забава и рекреација во природа. Како време за себе го оддвојувам готвењето. Тоа ме опушта и исполнува истовремено пробувајќи да копирам некои ,,Мишелин стар” оброци. Како второ хоби можам да го издвојам пишувањето зошто тоа ми ги чисти мислите и до него сум поврзана во тој дел на уметноста“.
Габриела Додевска Глигоровска