Животна училница // Приказни
Секоја чест: Наместо наш- бугарскиот пратеник кој собра 27.000 евра дојде во Кочани да ги предаде парите
- 23 Март, 2025 10:35

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања на својата фондација „Манол Пејков и пријатели“ собра околу 54.000 лева, односно околу 27.000 евра, а вчера пристигна во Кочани да ги предаде парите.
„Бугарскиот пратеник Манол Пејков дојде во Кочани, да ги донесе парите што ги собра во неговата донаторска кампања во Бугарија. Камо среќа ние во Кочани да имавме вакви пратеници. Благодарност од срце“, беше објавено на социјалните мрежи.