Неговото херојство не се мери со ниеден збор: Јован кој спасуваше во пожарот на слика со другарот кој го загуби во трагедијата

Добивај вести на Viber

Состојбата на Јован Костадинов е добра и наскоро херојот на кобната вечер може да биде пуштен на домашно лекување. 

Јован Костадинов од Виница на свои 19 години покажал дека има големо срце. За неговото херојство овие денови се пишува на социјалните мрежи.

Јован е еден од повредените во пожарот кој се случи на 16 март рано наутро во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 млади животи.

„Херојството не се мери со години, туку со храброст и човечност ! Јован од Виница 19-годишно момче , симбол на несебична пожртвуваност кога во пожарот во Кочани , без двоумење , влезе во огнот за да спаси околу 20 деца! Со црево во рацете и срце полно со храброст, тој не размислуваше за себе, туку за оние на кој им беше потребен ! Побрзо оздравување Јован“, пишуваат на социјалните мрежи.

Сега на социјалните мрежи се споделува фотографија на која Јован е со Павел Христовски, близок другар кој за жал беше меѓу настраданите во дискотеката на смртта. Павел имаше 20 години.

Во пожарот го изгуби другарот со кој возеа мотоцикли на мотокрос трки.



Тивките херои од трагедијата во Кочани, за кои светот треба да чуе.
„Врати ни се жив, Јован!“.