Жена преживеа удар на гром - но една работа се промени на нејзиното тело: „Не е толку ретко кај луѓето кои преживуваат струен удар“

Кога мислиме на удар на гром, првата асоцијација се застрашувачките временски настани и опасностите што тие ги носат. Ретко кој би очекувал да преживее ваков настан, а уште помалку да излезе од него со целосно променета боја на очите. Токму тоа и се случи на Карли Електрик, жена која отсекогаш била фасцинирана од бури, но никогаш не замислувала колку некој ќе ја промени – засекогаш.
Уживање во бура која се претвори во кошмар
Карли Електрик, како што и е позната на јавноста, отсекогаш била опседната со громови. Толку многу ги сакала што дури имала три тетоважи посветени на овој природен феномен. Кога една вечер во Квинсленд, Австралија, зафатило моќна бура, таа не можела да одолее - излетала надвор со телефонот во рака, подготвена да го сними секој блесок на небото.
За време на снимањето ја погодил гром. Таа имала само 30 години.
Парализа од удар
„Почувствував на телото бранови од морници, како струјата да минува низ моето тело“, рече Карли. „Кога се погледнав во огледало, видов дека моите зеници се огромни. Се чувствував како да сум под дејство на некој моќен лек“.
Но, набрзо следеше вистинска драма. Почнала да се поти, изгубила чувство во екстремитетите и не можела да мрда ни педа. Нејзината цимерка веднаш се јавила на 911.
Борба за здив
Кога пристигнале медицинските лица, Карли веќе била во критична состојба. Нејзините раце и нозе помодреле, а единственото нешто што можела да движи движи биле главата и вратот. „Бев будна, но едвај дишев. Можев само да голтам воздух“, се присетила таа.
Во болницата, лекарите дијагностицирале ретка невролошка состојба позната како кераунопарализа - привремена парализа предизвикана од удар на гром. Карли останала неподвижна цели девет часа, нејзиниот говор бил целосно неразбирлив.
Невообичаена промена
По две недели, Карли е речиси целосно закрепнала, но со едно трајно потсетување на оваа неверојатна приказна. Нејзините очи, кои некогаш биле зелени, сега се темно кафени.
„Кога истражував на интернет, дознав дека тоа не е толку ретко кај луѓето кои преживуваат струен удар. Врвот на главата ми е сè уште чувствителен, жежок на допир, па морам да бидам внимателна кога ја четкам косата", рекла таа.
Нов живот по блиска средба со смртта
Карли верува дека овој настан и го променил животот - но на подобро. „Мажите се фасцинирани од мојата приказна, па дури и се покажа како предност во љубовниот живот“, вели со насмевка.
„Секогаш ќе имам морници кога ќе грми. Статистички гледано, сега имам поголеми шанси повторно да ме удри гром, но нема да си играм со судбината“, додалс таа.
Како да се заштитите за време на бура?
Експертите предупредуваат дека е важно да знаете како да се однесувате за време на невреме со грмотевици. Еве неколку клучни совети:
Штом слушнете гром, побарајте засолниште. Не чекајте да видите молња - ако се слушне гром, постои опасност.
Не излегувајте надвор веднаш по бура. Најопасните моменти се на почетокот и на крајот на невремето.
Избегнувајте вода. Не се туширајте, не мијте садови или не користете вода за време на бура, бидејќи молњите може да патуваат низ цевките.
Не користете електрични уреди. Исклучете ги компјутерите, телевизорите и другите уреди поврзани на електрична енергија.
Останете подалеку од прозорци и врати. Не потпирајте се на бетонски ѕидови или не лежете на бетонски под бидејќи молњите може да патуваат низ арматурата.
Громот е непредвидлив и смртоносен, но Карли Електрик е доказ дека дури и најстрашните удари на судбината можат да донесат неочекувани промени - некои дури и видливи во огледалото.
Извор: Ona.telegraf.rs