Вујко и внук веднаш заминале да помагаат во дискотеката на смртта: Мартин е во болница

Добивај вести на Viber

Иако цела земја е во бол и тага поради сето она што се случи во Кочани, се појавуваат и приказни за луѓе во вистинска смисла на борот, кои без размислување помагаат дури и кога е невозможна ситуација.

Мартин Јосифов од Кочани и Зоран Богатинов од Чешиново-Облешево се вујко и внук кој неуморно кобната ноќ на 16.03.2025 година заедно со некои од обезбедувањето спасуваа деца при пожарот кој ја зафати дискотеката “Пулс“.

Мартин раскажува како добил повик од својата сестра дека дискотеката гори знаејќи дека живеат во близина и тој знаејќи дека таму се негови другари и другарки заминува да спасува животи повикувајќи го својот вујко Зоран Богатинов неуморно се дале во спасување што е можно повеќе деца во дискотеката.

Мартин Јосифов моментално се наоѓа во клинички центар Мајка Тереза и му посакуваме побрзо оздравување, а вујкото е во добра состојба.

Извор: Акко