„И нема тешко, пусто, празно, болно“: Тијана- „Солзи немам...“

Ве навраќаме во 2002 година, на „Скопје фест“ или Скопски фестивал каде по трет пат се избираше Песна за Евровизија. Тогаш Каролина Гочева ја однесе победата со песната „Од нас зависи“, а со песната „Изгрев“ настапи и Тијана Дапчевиќ која го освои четвртото место.
За сценскиот настап избра раскошна тоалета со кринолина и корсет, а имаше и впечатлива шара на очите. Но песната... Е песната многу зборува, повеќе од илјада зборови. Така вешто напишана, што веднаш ќе знаете што отсликува...
Во утро бела магла низ трева роса збрана
Послана по ливада
Се чека преку бедем по патот широк леден
Чекорам, кон исток патувам
На изгревот да пристигнам
И нема тешко, пусто, празно, болно
Солзи немам кога сум пред неа
Се разлевам по земја
И нема тешко, пусто, празно, болно
Кога денот планина го раѓа
И сонцето од неа изгрева
Извира од песната
Гласот низ воздух ѕуни ко тон од нежни струни
Сонцето од небо паднало на земја
Чиниш, дише секој зрак
Солзи немам кога сум пред неа
Се разлевам по земја
И нема тешко, пусто, празно, болно
Кога денот планина го раѓа
И сонцето од неа изгрева