Кочани денес и секој ден ќе излегува на мирен собир: Тагата ги обедини сите

Секој ден од 17:59 часот Кочанчани ќе излегуваат на мирни собири.
Ова е најавата која се шири на социјалните мрежи, а собирот ќе се случува во градскиот парк во градот кој изгуби над 30 млади во страотниот пожар во „дискотеката“ Пулс на 16 март.
Тагата не стивнува, но нѐ обединува.
„Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието“ – алудирајќи на двонеделната пауза на активностите на пратениците во парламентот по трагедијата во Кочани.
„Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието.
Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме.
Зошто се собираме пред Собранието? Затоа што не молчиме. Затоа што имаме барања што не може да чекаат. Затоа што демократијата не оди на одмор.
Како ќе изгледа настанот? Настанот ќе биде поделен во 2 дела:
1. Презентирање на барањата, во првиот дел ,,Кој е следен?” ќе ги презентира своите барања во целост;
2. Микрофонот е отворен за секој граѓанин кој сака да го изнесе своето мислење околу барањата, или да сподели генерален став за моменталната состојба.
Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее.
Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор.
Се гледаме пред Собрание. Настанот ќе трае додека има граѓани што сакаат да бидат слушнати. Ако имаш што да кажеш — подготви го дома и кажи го пред сите. Не чекај да те повикаат. Нека ова биде твојот повик!“ - пишува на социјалните мрежи Иницијативата.
Насловно ФОТО: Женски магазин