НИВ никој не ги спомнува, а треба: Мајката од Кочани на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот ѝ почина во пожарот...и многу други

За вистинските херои од Кочани - нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не гo спомнува...
-За мајката на која и пукна водењакот кога дозна дека сопругот и почина и се породи два дена подоцна
- За шоферите на Брзата помош од кој едниот заврши на Кардиологија, а другиот во Јесеново
-За полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени на колеги. За полицајците кои во болницата миеле повредени и менувале инфузии и преврзувале
-За командирот на пожарната во Кочани кој е во болница
-За дечките од Црвениот крст, пред се од Кочани
-За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко
- За доброволните пожарникари од Кочани кои од џеб даваат пари за да имаат гориво за возилата и нивна регистрација, како и плаќаат данок на државата за увоз на протовпожарни камиони
-За кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и за жал починати.
-За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје
-За детето од Македонска Каменица кое извлекло неколку преживеани лица кои сведочат како биле спасени од него
-За Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис... и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па така сега се по болници.
-За родителите кои го загубија второто свое дете откако пред неколку години во странство им беше убиена и ќерката
-За родителите на чии раце пред болницата на клупа и починаа децата
-За докторките, докторите и медицинските сестри кои сопствените деца ги примиле и виделе кобната вечер повредени и кои за жал се лечат во странство и се во тешка ситуација понатаму.
-За ќерката на обвинителот која исто така се бори за живот
-За неколкуте дечки кои скршиле ѕид од гипс и ослободиле простор помеѓу ходникот и излезната врата, потег со кој се спасиле многу
-Има уште многу бројни знајни и незнајни херои на дело.
Фејсбук статус проф. Ана Симонова