„Влегов преку прозор, вадев онесвестени и изгорени, а во болницата беше хаос“: Прво потресно сведоштво на Јован Костадинов за пожарот во Кочани

Момчето Јован Костадинов од Виница, кое со само 19 години стана симбол на храброст и несебичност, за првпат ја раскажува својата приказна за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани за иницијативата „Supportkocani“.
Јован раскажува за она што го видел за време на пожарот, како успеал да спаси луѓе вадејќи ги од дискотеката додека имало голем чад и оган и како тој самиот се спасил.
Успеал да скрши прозор за да влезе во мала просторија каде имало неколку луѓе кои се уште биле свесни и и импомогнал да излезат, а потоа вадел и онесветени и изгорени.
„Во еден момент почувствував дека ми се лоши и не можев повеќе да стојам. Со уште двајца повредени успеавме да дојдеме до возило кое нè однесе во болницата во Кочани. Таму веќе беше хаотично – лекари, повредени, семејства… никој не знаеше што се случува и колку е сериозна состојбата“, сведочи Јован.