Утре почнува ГЛУВА НЕДЕЛА, петтата седмица од Велигденскиот пост: Еве што е строго забрането да се прави

Добивај вести на Viber

Петтата недела од Велигденскиот пост која во календарот се нарекува Глува недела, името го добила по тоа што во голема мера е поминат постот и следи време на молчење, покајание, односно глуво време.

Втората недела пред Велигден е посветена на св. Марија Египетска, маченичка, која со својот потег докажала дека има надеж за сите кои сакаат да се покаат и да тргнат по патот на вистината и божјата правда. Била голема грешница, со уште поголемо покајание. 

Уште од младоста живеела развратно, се додека не отишла во Ерусалим, каде доживеала пресврт, кога непозната сила и го затворила влезот на храмот. Молејќи се пред иконата на Мајка Богородица, одлучила да си го промени животот. Ја преминала реката Јордан и целиот век го поминала во пустина, горко каејќи се за гревовите од нејзината младост.

Во глувата недела, црквата ги забранува сите веселби, концерти, песни и забави. Никој не оди на пат, не се вршат големи работи, ниту добиток не се вози на пасишта, никој не оди ни во толпа.

За луѓето да не бидат мрзливи во своите духовни потфати, црквата на верниците им дава посебни стимулации за стремеж кон побожност во трите дена од петтата седмица: четврток, сабота и недела.

На вечерната богослужба во среда од петтата седмица се пеат 24-те покајнички строфи на Великиот канон. Сите стихири имаат завршеток: „Господи, пред да загинам, спаси ме!“ Во четврток на Утринската се чита целиот Велики Канон и Житието на преподобната Марија Египетска.