Вака денес изгледа првата преживеана седморка во историјата: Родени се во рок од 6 минути, користеле 52 пелени дневно
Во 1997 година, тие станаа медицински феномен. Родени се како првите седморки и преживеаја и покрај ризиците. Родителите и постарата сестра ги пречекаа со радост. Вака започна една необична семејна приказна.
Седум деца се родени во ноември 1997 година: четири момчиња и три девојчиња. Нивната мајка Боби Мекеј се породила за шест минути, а породувањето го надгледувале 40 лекари, поради екстремно ризичната бременост.
Децата се родени девет недели пред датумот на породување. Најмалото бебе тежело еден килограм, а најголемото 1,5 килограми. Две малечки се родени со церебрална парализа, па нивното детство поминало низ операции. Со помош на семејството и лекарите ги надминаа предизвиците. Нивната приказна е и слична и различна од онаа со која се соочуваат повеќечлените семејства.
Боби и нејзиниот сопруг Кени се соочија со одгледување осум деца. Во првите месеци по раѓањето на седумте деца користеле 52 пелени дневно и 42 шишиња млеко.
Иако имаа бројни понуди нивните деца да растат пред рефлекторите, тие донесоа одлука нивните малечки да растат далеку од очите на јавноста. Седморките и по неколку години сепак се најдоа пред камерите.
Вака изгледаат децата кои при раѓањето биле прогласени за медицински феномен.
За некои од нив се познати повеќе информации. Брендон е наредник во американската армија, оженет со ќерката Ели. Кени се занимава со производство на мебел, тој е оженет. Натали е магистер по физичко образование и е мажена. Келси се занимава со односи со јавноста и работи како секретарка во медицинска клиника.
Нивното необично семејство води „обичен“ живот, а тие се најголемата поддршка еден на друг.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs