Алпинистката Ирина Арсова стана доктор на науки во САД: Сега и официјално ја има оваа титула

Добивај вести на Viber

Алпинистката Ирина Арсова со следбениците на социјалните мрежи сподели дека станала доктор на науки во САД. Таа во Америка замина по врската со Маестро Игор Џамбазов.

„Чест ми е да споделам дека на 25 март 2025 успешно ја одбранив мојата докторска дисертација. Сега и официјално сум експерт за родови прашања, спорт и медиа кои несомнено водат кон социјални промени.

Ви благодарам на сите што ме храбревте и поддржувавте во овој долг, изолиран и сопствен рефлексивен процес на учење и надградување.

Наскоро повеќе детали… чувајте се и само преку знаење, етика и солидарност заедно да изградиме една подобра држава и иднина за сите“, напиша Арсова на социјалните мрежи.

42-годишната планинарка ја постигна посакуваната цел да стане доктор на науки.