Антониа Гиговска ќе го донира хонорарот од настапите за настраданите во пожарот во Кочани: Ќе ги отпеам моите омилени песни на ДНК, само така ќе продолжи да живее нивната музика

Добивај вести на Viber

Антониа Гиговска ќе го донира својот хонорар од нејзините следни два настапи во Куманово и Штип, за настраданите во пожарот во Кочани. Ова пејачката го изјави преку видео порака на нејзиниот инстаграм профил.

Иако вели дека по трагедијата на никој не му е до песна и забава, одлучила дека треба да го направи тоа бидејќи ќе биде спокојна затоа што колку што може ќе помогне.

Пејачката вети дека ќе ги пее песните на ДНК, и ги повика сите кои ќе бидат дел од нејзиниот настап да ги пеат најгласно нивните песни зошто само така ќе продолжи да живее нивната музика.

„Верувам дека после трагедијата во Кочани на никој не ни е до песна, со смеа, забава, излегување и знам дека уште многу, многу, многу долго ќе треба да заздравиме од ова што не снајде. Се е уште многу црно, многу тажно иако сите на ваков или таков начин продолживме да живееме. Свесни сме дека нашата работа како артисти е да правиме музика, да пееме на сцена и да пееме за вас. Па затоа одлучив мојот хонорар од следните два настапи 4 и 5 април да го донирам онаму каде што е најпотребно. Да го донирам за настраданите во трагедијата, ќе ги исконтактирам „Supportkocani“ и верувам дека тие ќе ги распределат средствата онаму каде вистински се најпотребни, онаму каде што најмногу фали. А знам дека фали некаде. Не се милиони но со срце и верувам дека ќе помогнам колку што можам. А верувам дека ќе ги поттикнам моите колеги, оние кои настапуваат да го направат истото и да помогнеме онаму каде што е најпотребно. Ветувам дека ќе си испеам моите омилени песни на ДНК, сакам д аги пееме заедно на цел глас, зошто само така ќе продолжи да живее нивната музика. Искрено сфатив дека е многу подобро да излезам на сцена и да отпеам со грутка во грлото, меѓутоа барем знам и сум спокојна дека ќе помогнам“, вели Антониа во видео пораката.

View this post on Instagram

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)