Ден за семејството и свеќички на тирамису: Филип Талески прослави роденден со сопругата и ќерките

Македонскито ракометар Филип Талески со своето семејств го прослави неговиот роденден.
Сопругата на Талески, Ена објави фотографии додека се на прошета низ Лисабон и уживаат во роденденскиот ден, но и убавото време.
„29 никогаш не изгледале подобро, семеен ден проследен со свеќи на тирамису. Среќен роденден на најдобриот татко, сопруг и пријател. Те сакаме“, напиша сопругата на Талески.
Ена и Филип Талески веќе 7 години уживаат во хармоничен брак, а како плод на нивната љубов се двете ќерки Софиа и Мариа.
Во интервју за Женски магазин, Ена истакна дека не би можела да замисли подобар татко од Филип за нејзините деца.
„Филип е прекрасен татко. И двете се негова слабост, бидејки Софиа е поголема поминува повеќе време со неа и веќе имаат нивни игри, активности во кои што уживаат заедно да ги прават. Мариа е се уште малечка да може да ги следи, па ние две си наоѓаме други занимации“, вели Ена.
Парот во Лисабон живеат веќе една и пол година,поради работните ангажмани на Талески.
Фото: ИнстаграмРЖМ
Не можам да замислам подобар татко од Филип за нашите деца: Ена Талеска семејно за Женски магазин