„Се уште е критично, но се опоравува“: Тијана Дапчевиќ за здравствената состојба на Пачно

Тијана Дапчевиќ за српските медиумите откри нова информација за состојбата на пејачот на групата ДНК, Владимир Блажев Панчо.
Таа тврди дека на здравствената состојба на пејачот е подобра, дека се опоравува, но состојбата и понатаму е критична.
- Владимир Блажев, другиот пејач од групата ДНК, е надвор од животна опасност, се лекува во во Аџибадем Систина во Скопје и фала богу и последната информација што ја добив е дека се опоравува. Се уште е критично, но се опоравува - потврдила Дапчевиќ за српските медиуми.
Голем број луѓе се одзваа на повикот за дарување крв, поради што настанаа големи гужви во Заводот за транфузиологија во Белград, по трагедијата која се случи во Кочани.
Тијана ги повика и сите да даруваат крв за две до три недели, бидејќи сега залихите се полни и стабилни, открила дека голем број луѓе се јавиле и дека многу граѓани дури патувале од Скопје за да дадат свој придонес и да им помогнат на повредените.
Во пожарот кој се случи во неделата рано наутро во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 луѓе, а околу 150 се лекуваат во болниците во Скопје и болниците низ Европа.