Душата се лекува во близина на деца: Најмоќното од Достоевски

Добивај вести на Viber

Фјодор Михаилович Достоевски (1821-1881) е претставник на реализмот од Русија. Роден е во Москва, каде го поминал поголемиот дел од детството. Кога имал 16 години се запишал на Воено-инженерската академија во Петроград, но тоа не му се допаѓало, па почнал да се занимава со литература. На 25-годишна возраст го напишал својот прв роман. Имал многу несреќен живот. Бил болен од епилепсија, му починале братот, жена му и двете деца и најдобриот пријател. Иако многу пишувал, никогаш материјално не бил во добра состојба и постојано бил во долгови. Достоевски е еден од најгенијалните писатели кој длабоко проникнува во човековата душа. 

Негови најпознати романи се: „Бедни луѓе“, „Записи од мртвиот дом“, „Понижени и навредени“, „Злосторство и казна“, „Идиот“, „Браќа Карамазови“ и др. Достоевски е ненадминлив во начинот на разоткривањето на човековата душа и тој е претставник на психолошкиот реализам. 

Денес ви позајмуваме некои од неговите моќни цитати:

…Животот — е цела уметност, да се живее – значи од себеси да се направи уметничко дело… 

 „Оној кој самиот себе се лаже, најлесно се навредува.“ 

 „Ако си успешен во нешто, тогаш луѓето или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат или ќе те мразат.“ 

 „Никогаш не преземај и не почнувај ништо додека си налутен.“ 

 „Да љубите некого значи да го гледате така како што Бог го замислил.“ 

 „Кога женското срце ќе зажали, се разбира дека тоа е најопасно за самата жена.“ 

 „Кога богатството е изгубено ништо не е загубено, кога здравјето е изгубено, сè е загубено.“ 

 „Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете.“ „Убавината ќе го спаси овој свет.“ 

 „Не плашете се од животот! Колку е убав животот кога ќе направиш нешто добро и праведно!“ 

 „Убавината е истовремено и таинствена и ужасна. Господ и ѓаволот таму се борат, а бојното поле е срцето на човекот.“ 

 „Болката и страдањето се секогаш неизбежни за една длабока интелигенција и големо срце. Навистина големите луѓе мораат, сметам, да проживеат голема тага на оваа земја.“ – Злосторство и казна 

 „Од очајот доаѓаат најдлабоките задоволства, особено кога е човек крајно свесен за безнадежноста на својата состојба.“ – Записи од подземјето 

 „Луѓето, сета таа комедија ја сметаат за нешто сериозно. И покрај сиот свој неоспорен ум. И во тоа е нивната трагедија. И се разбира, страдаат, но… но затоа живеат, живеат реално, не фантастично, зашто страдањето и е живот!“ – Браќа Карамазови 

 „Знајте дека нема ништо повишно и посилно, и поздраво, и покорисно за идниот живот, од некаков убав спомен, а особено ако е тој од детството, од родителската куќа… Еден толку прекрасен свет спомен зачуван од детството, можеби е токму најдобро воспитание. Ако човек носи во себе многу такви спомени, тогаш тој е спасен за цел живот. А ако макар еден убав спомен остане во нашето срце, некогаш и тоа може да послужи како спас…Не плашете се од животот! Колку е убав животот кога ќе направиш нешто добро и праведно!“ Браќа Карамазови

 „На детето може да му се каже сè- сè; мене секогаш ме поразувала мислата, колку лошо ги познаваат големите деца, татковците и мајките, дури своите деца. Од децата ништо не треба да се крие, под изговор дека се малечки, и дека рано им е да знаат. Колку тажна и несреќна мисла! И колку добро, самите деца забележуваат дека татковците ги сметаат за премногу малечки, кои не разбираат ништо, додека тие разбираат сè. Големите не знаат, дека детето, дури и во најтешката ситуација може да даде многу важен совет. О Боже! Кога во вас гледа таа малечка добра птичка, доверливо и среќно, срамно е да ја излажете! Јас ги нарекувам птички, зашто подобро од птичките нема ништо на светов. <…> Преку децата се лекува душата на човекот…“ Идиот