Зад себе ја остави сопругата Наталија и ќерката Јана: Немој да ме жалите ако утре ме нема - пееше Андреј

Добивај вести на Viber

59 официјално мртви, 117 во болница, 13 пренесени на лекување во странство е до овој момент балансот по трагедијата која се случи ноќеска во дискотека во Кочани.

Соработниците на Андреј се простуваат од пејачот. Веќе сите ја пренесоа веста, дека повеќе членови од бендот на дуото Андреј и Панчо ДНК загинале.

Андреј Ѓеорѓиески зад себе ја остави сопругата Наталија. Токму таа како што споделија медиумите го идентификувала Андреј по часовникот кој го носел на рака.


Андреј и Наталија беа во хармоничен брак и ја имаат ќерката Јана.

Пејачот честопати на социјалните мрежи знаеше да сподели фотографии од својата русокоса убавица со сини очи.