Животна училница // Приказни
Кочани и Штип во тага: Граѓани палат свеќи и положуваат цвеќе на плоштадот во чест на загинатите
- 16 Март, 2025 19:32

Граѓаните на Кочани и Штип спонтано се собираат на градските плоштади за да им оддадат почит на 59-те загинати лица во пожарот во дискотека во Кочани.
Со палење свеќи, положување на цвеќе и солзи во очите граѓаните се молат за упокојување на душите.
Помеѓу загинатите во пожарот како што информираат надлежните поголем број се деца. Загинатите се од Кочани, Штип, Пробиштип и Скопје. Дел од загинатите се идентификувани, но дел од нив сè уште не се идентификувани.
Ова е трагедија од најголеми размери досега во нашата земја во која има 59 жртви, а од ни повеќето се лица од 14 до 25 години.