Ноле сочувствува со Македонија, тагуваат и српските пејачи кои праќаат пораки за сочувство

Добивај вести на Viber

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, сочувствува за големата трагедија во Македонија, која се случи ноќта меѓу саботата и неделата.

Пожар избувна во дискотека во Кочани, при што загинаа 59 лица, а многумина беа повредени (над 100).

Ѓоковиќ на својата приказна на Инстаграм го објави знамето на Македонија и црн флор, испраќајќи јасна порака дека ова е многу тажен ден за целиот регион.

Ситуацијата во земјава се уште не е смирена по трагедијата, бидејќи некои лица се во критична состојба и допрва треба да се утврдува одговорноста, како и сите околности што довеле до оваа несреќа.

Сочувствува доаѓа и од српската естрада и најпознати пејачи кои често имаат настапи во дискотеките кај нас.

Цеца, Брена, Јелена Томашевиќ, Жељко Самарџиќ се само дел од пејачите кои се огласија на социјалните мрежи.