„ДУША ПАРАМПАРЧЕ“: Естрадата се збогува од загинатите колеги во пожарот во Кочани

Цела македонска но и балканска естрада во шок и неверување се простува од загинатите колеги во трагичниот пожар во Кочани.
Дел од нивните статуси на социјалните мрежи пренесуваме подолу.
„Андреј…срцево ми се кине на сто парчиња…а душава ПАРАМПАРЧЕ…
Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…
Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата чоечност…
Но, не мораше вака…И ова не смее да е крај…чувствувам тага и бес… не смееше да е вака…
Ќе те чувам заедно со нашите спомени, мило дете…“ - напиша Калиопи
„Денеска не напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе.
Немам зборови кои можат да ја опишат оваа болка и тага. Лут сум, гневен, разочаран....
Со Андреј и останатите од Бендот ДНК имавме преубави моменти, заеднички настапи, концерти, дружби уживавме во секој момент од настапите кои беа позитивни лубезни кои го гледав тоа од нивните лица од моите мили колеги бевме блиски како браќа... Многу ми е жал ....
Големо сочувство до семејствата и блиските на моите колеги, другари, до сите луѓе кои денеска загинаа нека почиваат во мир и нека имаат царство небесно ...“ - напиша Џамбо.
„Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир добро човече, баш на оваа песна ви пеев пратечки вокали... Пеј како што си знаеше ти најгласно, најубаво, таму горе. Не сакам да верувам“ - напиша Антониа Гиговска.
Преку социјалните мрежи неврување истакна и музичарот Таско.