Животна училница // Приказни
Уште еден загинат од тимот на ДНК: Познатите се простуваат од Мартин Буцо Битбокс Атанасовски

Иако официјалните лица сè уште немаат потврдено, на социјалните мрежи се споделува фотографија од Мартин Буцо Битбокс Атанасовски и познатите изразуваат сочувство дека и тој како дел од тимот на групата ДНК е помеѓу загинатите во пожарот во Кочани.
Инаку Мартин настапуваше со бендот и беше нивна поддршка на настапите.
Често можевме да го видиме на објавите од дуото ДНК.
Пејачката Антониа Гиговска и Бока Конга со фотографија од Мартин се простија од него, иако официјално не е објавено дека е помеѓу загинатите во пожарот.
Официјално е дека дел од лицата кои загинале во пожарот сè уште не се идентификувани.
За потсетување во пожарот во дискотека во Кочани, загинаа 59 луѓе помеѓу кои и еден од дуото на ДНК и сите членови на нивниот бенд.