Беа блиски соработници, а приватно прави другари: Наум Петрески со емотивна објава се прости од Андреј ДНК

Добивај вести на Viber

На социјалните медиуми голем број луѓе се простуваат од најблиските кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога избувна пожар за време на концерто на дуото ДНК и нивниот бенд.

Помеѓу59 -те починати во пожарот се и вокалот на ДНК, Андреј Геогиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев од Струмица, Филип Стевановски гитарист и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип , како и фотографот Александар Ефремов.

Помеѓу повредените е Владимир Блажев - Панчо за кој претходно имаше информација дека имал изгореници на лицето и на рацете.

Се уште енма информација за нивниот соработник Мартин Буцо Битбокс за кој исто така се споделуваше апел за помош да се објави информација.

Од загинатите се просува цела Македонија и знајни и незнајни, цела македонска јавност сочувстува со семејствата на загинатите.

Еден од нив близок пријател на дуото ДНК е и фолк- пејачот Наум Петрески со кој ДНК го отпеаа хитот „Ако утре ме нема“.

Тој на социјалните мрежи напиша „Никогаш поцрно не сум се чувстувал“. Петрески не беше само соработник со дуото туку и нивен пријател.Често споделуваа фотографии од заеднички седенки и приватни дружби со семејствата.


Фото: Инстаграм