Актуелно // Insta вести
Ведрана со сопругот во Рио: „Го посети едно од 7-те светски чуда во светот“

Македонската водителка Ведрана Ѓорѓевиќ со сопругот Андрија заминаа на патување во Бразил.
Го посетија градот на карневалите и градот со најубавите плажи, Рио Де Жанеиро.
Најголем впечаток на водителката и оставила Статуата на спасителот Исус Христос која е најголемата туристичка атракција во градот.
„Најголемиот симбол на Христијанството во светот, културна икона на Рио и на цел Бразил и едно од 7-те светски чуда во светот, статуата на спасителот Исус Христос. Оваа статуа е најголемиот примерок на Art Deco стил на култура во светот, тежи 635 тона и е лоцирана на 700 метри височина. Легендата вели, не си го посетил Рио и Бразил ако не си бил овде“, напиша Ведрана во описот на фотографиите.
РЖМ