Како да не родила две деца: Јелена Јованова во топ форма шест месеци по породувањето

Добивај вести на Viber

Македонската актерка Јелена Јованова Периќ во септември на свет го донесе нејзиниот втор син, Тома.

„Нашата нова – животна сила – Тома – 16.09.2024“, напиша Јелена.

Актерката како и со првиот син Јаков, бременоста ја чуваше во тајност.

Јелена скоро десет години е во брак со хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кој живее во Загреб.

На социјалните мрежи Јелена не е толку активна, но понекогаш знае да изненади. Овој пат објави фотографија од сала за вежбање и покажа како изгледа неколку месеци по породувањето.

-Не е толку лошо. Мајка на две, напиша Јелена на инстаграм приказната.

Јелена Јованова никогаш не ја паметиме како некој со вишок килограми, туку како некој што е секогаш е во топ форма.

Фото: Инстаграм
РЖМ