Моќна на сцена и модно издание на дивата за почит: Калиопи ја пушти екстравагантноста на максимум

Добивај вести на Viber

Жена со препознатлива насмевка и една од најдобрите женски вокали Калиопи, викендов на 8-ми Март го донесе својот „куфер со љубов“ во MТС Дворана во соседна Србија.

На незаборавниот концерт, дамата која плени со продорната моќ на гласот и неизмерната енергија ги испеа најголемите хитови од својот богат опус, меѓу кои Мелем, Опрости, Вучица, Мрвица, Обои ме, Месечина, Јутро, Пожели, Кофер Љубави, Локомотива, Бато, Црно и бело и многу други.

Калиопи уште еднаш ја покажа моќта на сцена, а модната комбинација ја дополни нејзината раскошна убавина и вокал од кои трепереше сѐ околу неа.

Погледнете дел од атмосверата на концертот во фотографиите подолу:


ФОТО: Инстаграм официјален профил Калиопи