Три дами, само една грација: Мајката на Тијана и Тамара славеше роденден

Добивај вести на Viber

Мајката на пејачите Тијана и Тамара, Брана прослави роденден.

Ќерките објавија фотографии на која се гледа дека уживаат и се забавуваат во женско друштво. Наздравуваат со чаша бело вино за убавите моменти и 76-от роденден на нивната сакана мајка.

Роденденот на Брана, задолжително ги спојува сите три дами. Минатата година Тамара објави заеднички фотографии од Маврово.

Двете ќерки на Велко и Брана, Тијана и Тамара често знаат да објават фотографии од нивните разведени родители. Како нивна најголема поддршка во секоја прилика знаат да бидат во првите редови како поддршка на ќерките.

Фото: Инстаграм
РЖМ