„Секој ден да е 8 март за жената, уживајте во вниманието сите 365 дена од годината “: Дац и Александар делеа рози на улица „Македонија“

Добивај вести на Viber

Познатото дуо Дац и Александар, посветија цел еден ден на жените. Тие како прави џентлмени вчера делеа розина улица Македонија на случајните минувачки.

На нивната официјална Фејсбук страница објавија видео направено токму од овој момент, а со тоа ја промовираа и нивната нова песна посветена на жената која е нивната главна инспирација.

Се сложуваат со многумина дека за жената треба секој ден да е 8 Март.

„Секој ден да е 8 март. Музичка честитка создадена за еден ден и во еден здив и ја посветуваме на сите жени, инспирацијата на сите наши песни „Цвеќето ќе овене, а песната ќе остане“. Ве сакаат Дац и Александар, уживајте во вниманието сите 365 дена од годината. Посебна благодарност до Боби Јоргушески за прекрасното пијано и на Софија и Јаков за видеото“, напишаа Дац и Александар.


Фото: Инстаграм