Го посетија најпознатото светилиште на Балканот да се помолат и да си ја смират душата: Еве кои македонски дами таму го најдоа духовниот мир

Добивај вести на Viber

Острошкиот манастир за многумина го претставува допирот со Бога, доказ дека Светиот е помеѓу нас и не штити.

За приближување до светилиштето кое изминатите години деноноќно го посетуваат луѓе од цел свет, со себе мора да понесете чисто срце, со тоа ќе одадете почит кон светото место кое сте го посетиле.

Во изминатите неколку години голем број познати дами од Македонија го посетија Острошкиот манастир, каде се помолија и ја почувствуваа неописливата тишина.

Македонската водителка Лила Филиповска во 2023 година го посети Острошкиот манастир, откако помина тежок период во нејзиниот живот. Се избори со подмолната болест и храбро и се спротивстави.

„Велат дека нема да одиш на Острог дури Св. Василиј не те повика. И еве конечно, денес дојдов во еден од најпосетените манастири воопшто посветен на еден од најпочитуваните светци во христијанството за кого се верува дека е чудотворец и исцелител Св. Василиј Острошки. Манастир во кој доаѓаат сите без разлика на вера и религија. 

А како и не би бил кога неговите мошти се изложени и многумина сведочат на чуда. Место се неверојатна енергија каде се губиш во простор и време и каде што имаш чувство дека немаш веќе никаква мака и проблем. Ви посакувам здравје пријатели мои“, напиша тогаш Лила во објавата.

Минатата година во посета на Острог беше и водителката Ирена Спировска, која исто така беше воодушевена од ова свето место, па сподели фотографии на социјалните мрежи.

Поранешната манекенка, сегашен просветен работник Маја Глигоровска пред две години се врати со импресии од она што го доживеала на ова свето место.

Маја во една прилика раскажа дека за време на посетата на манастирот, ја испочитувала традицијата, пешачејќи боса до горниот манастир.

„Одамна е познато дека по посетата на ова светилиште многу болни оздравеле и луѓето се сведоци на секакви чуда кои се возможни само со помош и верба во Бога. Јас сум религиозна и не кријам дека се будам и заспивам со вера во Бога. Никогаш не ја заборавам молитва за мене и сите мои блиски. Овој пат Острог го посетив за крај на богородичните пости. Заминав таму за да си ја смирам душата, да ја почувствувам уште еднаш таа енергија, да преспијам и да присуствувам на утринската литургија“, изјави Маја во едно нејзино интервју.

Острошкиот манастир го посети и младата пејачка Лина Пејовска, заедно со нејзината мајка и пејачката Маја Саздановска.

„Мир“, напиша пејачката на фотографиите.

Неодамна Острог го посети и македонската пејачка Елена Ристеска.

Пред само неколку недели и модната дизајнерка Ива Спасовска која како што откри во нејзините објави, манастирот го посетила по четврти пат.

Фото: Инстаграм
РЖМ