Актуелно // Insta вести
Почит кон верата: Ирена Спировска на Острог, скромно и како што доликува

Водителката Ирена Спировска, важи за една од најприродните познати жени кај нас која изгледа заносно. Минатата недела таа наполни 50 години, влезе во шестата деценија од животот, а редовно споделува дека на себе нема ниту една естетска хирургија, туку дека убавиот изглед го должи на активниот живот, балансираната храна и убавата мисла.
Ведрата водителка нејзиниот престој во Црна гора освен за плажа го искористила и за посета на манастирот Острог, свето место во Црна Гора кој го посетуваат илјадници верници дневно од целиот свет.
Фото: Инстаграм - Ирена Спировска