ЦЕЛА ГОДИНА ВО РАЈОТ НА 100 МЕТРИ ОД МОРЕ ЗА САМО 7.000 ЕВРА: Еве како да изнајмите стан на Халкидики долгорочно

Ако цело лето или година сонувавте да изнајмите стан во Грција, можеби ќе бидете изненадени од цената, која не е толку висока колку што очекувате!
Имено, на Тикток профилот на туристичката агенција „Никана“ можете да најдете оглас за изнајмување стан од 60 квадрати на Халкидики, на само 100 метри од плажа.
Станот се издава за една година, а цената е 7.000 евра.
- Се повеќе добиваме барања за резервации на станови веќе неколку месеци. Работењето на интернет им донесе на многу луѓе слободата да работат од море, планини или од далечна земја. Нашите луѓе го купија станот, го реновираа и решија да го издаваат цела година бидејќи летово нема да можат да останат во него. Цената за изнајмување на станот е 7.000 евра за една година, а од станарите се бара да ги платат и сметките за струја и вода - ова е дел од нивното соопштение.
Детали на Фактор тука.